Иако капитенот Кевин де Брујне си замина, Пеп Гвардиола, менаџерот на Сити, повторно е во акција и се чини дека во следната сезона ќе има повторно мега – тим и ќе биде главен кандидат за сите титули до кои би можел да дојде.
Имено трансферот на Тијанџи Реиндерс од Милан во Сити е веќе стара вест, најново е тоа што се е договорено со Рајан Шерки од Лион, а пред потпис е и Рајан Аит-Нури од Вулверхемптон.
Со зимските засилувања и со враќањето на Родри во тимот нема дилеми дека Пеп Гвардиола и тоа како може да биде задоволен.
Ќе беше идеално ако успееше да го го донесе и Флоријан Вирц, но сепак не се може се во фудбалот, колку и да имаш пари.