Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски ја заврши својата мисија на голот на Потсдам. Тој вчера имаше шанси да се одјави пред домашната публика, раководството на клубот го испрати со пригодни подароци.
На последниот меч од оваа сезона во Бундес-лигата, Томовски имаше шест интервенции, додека пак неговиот тим беше поразен од Мелсунген со 26-31.
Кога сме кај Бундес-лигата, Фуксе Берлин за првпат во својата историја го освои шампионатот, победија на гости кај Рајн Некар со 38-33 благодарение на неверојатната партија на Гидсел, кој постигна десет гола, исто толку погодоци имаше и Фрајхофер.