Македонскиот фудбалски репрезентативец, Јани Атанасов вчера и официјално стапи во брак. Негова избраничка е Благица, со која е долги години во врска.
Атанасов кој е струмичанец секако, во моментов настапува за екипата на Краковија, а има и сериозна улога во националниот тим. Имаше голема минутажа во последните мечеви на Македонија во кои одлично се прикажавме и освоивме значајни бодови.
На Јани и на Благица им посакуваме многу среќа, радост и долг брачен живот. Секако на професионален план, успеси и победи кои ќе не израдуваат сите.