Денеска беа извлечени редните броеви со екипите кои ќе настапат во ракометната Суперлига на Македонија во сезоната 2025/26, која стартува на 6/7 септември. По ова се знаат и двојките за првото коло.
Интересно, веќе на стартот ќе следиме супер дерби. Имено на Автокоманда, освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп, тимот на Алкалоид го дочекува составот на Охрид, клуб кој со сите силни засилувања во текот на изминатиот период, секако дека е еден од главните фаворити во битката за самиот врв во мак – ракометот.
Ова се двојките за 1.коло во новата сезона 2025/26 во ракометната Суперлига на Македонија:
Прилеп – Пелистер 2
МРК Куманово – Радовиш
Бутел – Пелистер
Пролет – Тиквеш
Алкалоид – Охрид
Струга – Вардар 1961