Грците бурно реагираа на најавеното бришење на „Северна“ од Кошаркарската федерација на Македонија

3904

По вчерашната одлуката на новото раководство на Кошаркарската федерација за почнување на постапка за бришење на „Северна“ од името на нашата куќа на кошарката, грчките медиуми бурно реагираа на ваквата постапка. Весникот „Прото Тема“ пишува дека Кошаркарската федерација беше една од првите спортски федерации во земјата што се прилагоди на Преспанскиот договор, напуштајќи го претходното име „Македонска кошаркарска федерација“ и усвојувајќи го официјалното име „Кошаркарска федерација на Северна Македонија“. Ова преименување се случи под претседателство на Перо Антиќ , еден од најпознатите кошаркари во историјата на земјата, кој беше претседател на Федерацијата во претходните години.

„Се забележува дека неколку други спортски федерации во земјата, како што се „Македонската фудбалска федерација“ и „Македонската ракометна федерација“, никогаш не продолжија со промена на името по Преспанскиот договор и продолжуваат да го користат терминот „Македонија“ без географската одредница „Северна“.

ПретходноПолупразни трибини: Колку навивачи досега го гледаа Светското клупско првенство?
СледноВардар подготвен за вториот тест во Словенија, денеска против Олимпија (ФОТО)