Килијан Мбапе нема да игра ниту на натпреварот против Салцбург. Францускиот напаѓач не беше вклучен во составот на „кралевите“ за третото коло од групната фаза на Светското клупско првенство.
На 19 јуни, Мбапе беше хоспитализиран поради акутен гастроентеритис, а истиот ден беше отпуштен од болница. Напаѓачот ги пропушти натпреварите против Ал-Хилал (1:1) и Пачука (3:1), па дури денеска се врати на на тренинг.
Пред последниот натпревар од групната фаза, Реал Мадрид е лидер во групата Х.