Далас го избра Купер Флег како прв пик на НБА драфтот

158
фото: Dallas Mavericks (X)

Далас Маверикс го избра Купер Флег како прв пик на НБА драфтот одржан синоча во Њујорк. Во неговата единствена колеџ сезона, Флег го предводеше Универзитетот Дјук до Ф4 турнирот на НЦАА лигата и беше прогласен за најкорисен колеџ играч.

„Многу сум возбуден. Опкружен со момци кои се од калибар на Куќата на славните од кои едноставно можам да учам. Ова ќе биде неверојатно искуство“, рече Флег.

Сан Антонио го избра Дилан Харпер како втор пик. Поранешниот бек на Универзитетот „Ратгерс“ изјави дека негова цел ќе биде да ја продолжи низата од последователни сезони во кои играч на „Спарс“ е именуван за најкорисен играч во НБА, откако Стефон Касл и Виктор Вембањама ја освоија наградата во последните две сезони.

Филаделфија го избра ВЈ Еџкомб како трет пик, а Шарлот го искористи четвртиот пик за да год обие Кон Нупел, додека Јута го избра Ејс Бејли како петти пик.

Бруклин вечерва избра пет играчи, соборувајќи го рекордот за најмногу селекции за време на првата рунда од НБА драфтот. Втората рунда од драфтот ќе се одржи ноќта меѓу четврток и петок.

ПретходноИнтер ја исфрли Ривер Плата, Монтереј на Рамос обезбеди осминафинале (ВИДЕО)
СледноСКП: Сите бразилски тимови влегоа во осминафинале, Аргентинците си заминаа дома