Илоски даде четири гола за Сан Диего!!! (ВИДЕО)

514

Македонскиот интернационалец во САД, и членот на тимот на Сан Диего, Милан Илоски е топ тема во фудбалските кругови на оваа земја од синоќа и покрај фактот што на овој континент во моментов се најдобрите екипи на светот, поради Светското клупско првенство.

Македонецот на гостувањето во Ванкувер синоќа и победата од 3:5 постигна четири гола и нормално беше прогласен за играч на натпреварот.

Илоски во моментов е во фантастична форма, а да биде ситуацијата уште поинтересна, тој три од четирите гола на овој меч ги постигна во само девет минути. Што е секако своевиден рекорд.

Илоски го постигна првиот хет трик во историјата на Сан Диего како клуб. Тој откако пристигна во тимот летово девет пати се запиша во листата на стрелците.

За оние кои добро не се запознаени со Милан Илоски, да кажеме дека тој има 25 години во моментов и е роден во САД но има македонско потекло и пасош. По одличните настапи за тимот на Оринџ канти тој минатата сезона за прв пат дојде во Европа и беше дел од данскиот Нордсјиланд но бргу се врати во САД.

Своевремено во Македонија имаше некакви најави дека Илоски ќе биде контактиран за да заигра за нашиот национален тим но тоа никогаш не се случи. Дали Илоски сега заслужува повик за септемвриските дуели, особено ако вака продолжи летово, можете слободно да ни оставите коментар.

 

ПретходноСКП: Сите бразилски тимови влегоа во осминафинале, Аргентинците си заминаа дома
СледноАл Хилал тргна по Меси: Таткото на Меси денеска има средба со Арапите