Дарко Ѓукиќ се враќа во Македонија, ќе биде ново засилување за Охрид

110
фото: RK Vardar 1961 (Facebook)

Српската ракометна колонија во Охрид се зголемува. Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е најновото име во составот на „гладијаторите“ кои за следната сезомна подготвуваат сериозен проект кој треба да влезе во битка со Е. Пелистер, Вардар и Алкалоид за домашните трофеи.

Ѓукиќ се враќа во Македонија по една година, со договор со охриѓани на две години. Ѓукиќ минатата сезона ја помина во Динамо Букурешт, а сега треба да биде одлично засилување за Охрид во походот кон врвот на македонскиот ракомет.

ПретходноАл Хилал тргна по Меси: Таткото на Меси денеска има средба со Арапите
СледноПочна БП во одбојка на песок: Нашите двојки поразени во првите настапи