Следната година во Формула 1 ќе има две саботни трки!

36

Ете, и тоа се случи. Трката во Формула 1 за Големата награда на Азербејџан следната година ќе се одржи во сабота. Светската автомобилска организација (ФИА) заедно со челниците на Формула 1 донесоа одлука за промена на датумот на трката, сето тоа по предлог на властите во Баку, бидејќи трката следната година се совпаѓа со Националниот ден на Азербејџан. Па така, наместо на 27 септември, истата ќе се одржи на 26-ти, а сите активности на најбрзиот циркус во светот ќе бидат преместени еден ден порано.
Ова значи дека календарот на Формула 1 ќе има две саботни трки следната сезона, што не се практикуваше често. Трката во Лас Вегас на 21 ноември ќе биде втората што ќе се одржи во сабота.
Следната сезона, Формула 1 влегува во нова ера со многу технички промени. Ќе има разни промени во кодот на болидите.

ФОТО: Ред Бул/Х

Претходно„Пелистерци“ во квалификациска трка, за едно од трите места во регуларниот дел на Лигата на шампионите
СледноПоразот од Ал-Хилал не е ништо во споредба со ужасната вест која Пеп ја доби после мечот!