Ѓоковиќ преку Кецмановиќ до осминафинале на Вимблдон

215
фото: Wimbledon (X)

Некогашниот светски рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, откако вечерва беше поуспешен во дуелот со својот сонародник Кецмановиќ.

Ѓоковиќ оствари победа во три сета со резултат 6:3, 6:0, 6:4 и успеа да си обезбеди уште еден чекор кон обидот да дојде до уште едне јубилеен трофеј од Грен Слем турнирите.

Пред Ѓоковиќ сега пречка во осминафиналето ќе биде 11-от носител на овој турнир, Австралиецот Де Минор, кој денеск аво осминафиналето беше подобар во три сета од Данецот Холмгрен.

ПретходноОтворен новиот Национален тренинг центар за спортско стрелаштво (ФОТО)
СледноФинска и Чешка ќе се борат за златото во ЦЕВ Златната лига