Ричарлисон и Калверт-Левин се расправаа кој да изведе пенал, реагираа и останатите фудбалери (ВИДЕО)

1152

Евертон го совлада Норвич на гости со 2-0 во рамките на третото коло во Премиер-лига. Во 58. минута на оваа средба се случи интересен момент, судијата досуди пенал, а истиот го реализираше Доминик Калверт-Левин.

Но, пред да го изведе ударот од белата точка, играчите се расправаа кој да шутира. Топката најпрво ја изведе Ричарлисон кој сакаше да изведе пенал, веднаш Калверт-Левин му побара топката.

Бразилецот не сакаше да ја даде топката по што реагираа останатите играчи.

 

ПретходноАдем со тројка ги “поздрави“ велешани и за прво место на голгетерската листа!
СледноАнчелоти со свој коментар за Килијан Мбапе