Шампионот Ѓорче Петров донесе засилување од репрезентацијата на Казахстан

139

Македонскиот ракометен шампион, Ѓорче Петров донесе уште едно странско засилување за следната сезона. Станува збор за десниот бек Кристина Радаева од Казахстан.

Репрезентативката на Казахстан со руско потекло има 30 години, а минатата сезона го носеше дресот на романскиот клуб Галаци. Радаева претходно кариерата ја градеше во Казахстан, по што се пресели во Романија.

Со репрезентацијата на Казахстан играше на Мундијалот во Шведска, Норвешка и Данска и постигна 33 погодоци.

ПретходноОмер Мемеди ќе се бори за бронза на ЕП за борачи до 20 години
СледноДаглас Луис мора да си бара нов клуб