Освои титула без да заигра ни минута, сега на дебито тргна со 14 поени (ВИДЕО)

202

Српскиот плејмејкер Никола Топиќ постигна 14 поени во дебито во Летната НБА лига. Тој го имаше своето деби за шампионот Оклахома Сити Тандер.

Во натпреварот против Мемфис (80:92), Топиќ постигна 14 поени (4 од 7 од поле), 2 асистенции и 2 украдени топки.

Топиќ беше 12-ти избор на драфтот во 2024 година, но ја пропушти својата дебитантска сезона поради скинат преден лигамент. Топиќ е првиот играч во историјата на НБА кој станал шампион на лигата без да одигра ниту еден натпревар.

ПретходноДаглас Луис мора да си бара нов клуб
СледноПоскапо е пивото отколку билетот: На полуфинале на Светското клупско првенство за 13 долари