Капинковски задоволен од првата недела, Пелистер закажа пет „контроли“

270
фото: Ф.К. Пелистер (Facebook)

Новиот тренер на битолски Пелистер, Димитар Капинковски вели дека е задоволен од првата недела од подготовките. Во денешната најава тој вели дека се закажани неколку контролни натпревари и најавени нови засилувања кои треба да се приклучат на тимот во наредниот период.

„Задоволен сум од сработеното во првата недела од подготовките. Се одработија единаесет тренинзи во одлична, позитивна и работна атмосфера. Во подготвителниот период ќе одиграме пет контролни натпревари, со цел екипата што подобро да се запознае и подготви за почетокот на новата сезона. Најпрво ќе тестираме со Струга Т.Л., потоа со Трајал од Крушевац во Битола, со Македонија Ѓ.П. во Охрид, па со Охрид во Битола, а според планот, последниот контролен натпревар е закажан со грчкиот тим Егалео во Охрид. Во интензивни преговори сме со неколку играчи, со дел од нив сме во завршна фаза, и ако сè оди според планот, во наредната недела треба да пристигнат под „Тумбе Кафе“, вели Капинковски.

ПретходноПоскапо е пивото отколку билетот: На полуфинале на Светското клупско првенство за 13 долари
СледноФратези оди на операција, Интер се мисли дали да го продаде