Младите кошаркарки до 18 години и во третиот настап на Европското првенство од дивизијата „Б“ претрпеа убедлив пораз. Вечерва избраничките на селекторот Петровски беа поразени од Шведска со 81:41, со што останува да се чека дуелот со Ирска во кој ќе се обидеме да дојдеме и до првиот успех.
Вечерва одигравме рамноправно само во првите неколку минути од мечот, по што Швеѓанките комплетно ја преземаа контролата. Во втората четвртина ни дозволија да постигнеме само 4 поени.
Во нашата селекција денеска најефикасна беше Начевска која заврши со 17 поени, додека Ива Колева и Јана Пислевска постигнаа по 9 поени.