Сензација на Вимблдон: Американката Анисимова ја победи Сабаленка и се пласира во своето прво гренслем финале!

87

Шок за Арина Сабаленка, најдобрата тенисерка во светот според ВТА. Попладнево во полуфиналето на Вимблдон, Белорусинката загуби од Аманда Анисимова со 2:1 во сетови и со тоа не успеа да го види финалето, кое е резервирано за Американката кој е Русинка по потекло.

Ова за Анисимова е најголем успех, најголема победа во нејзината кариера ако се знае дека ова за нејзе прво гренслем финале.

Првиот сет го доби Аманда со 6:4, Сабаленка се врати во игра и тоа како, кога во вториот сет беше подобра со 6:4 во гемови за 1:1. Во третиот сет, по една голема борба за секој поен, Анисимова исто со 6:4 во гемови беше подобра за конечни 2:1 во сетови.

Ова полуфинале траеше 2 часа и 40 минути.

Анисимова во финалето на Вимблдон во сабота ќе игра со победничката од второто полуфинале меѓу Бенчиќ и Швјонтек.

ФОТО: Вимблдон/Х

ПретходноИ официјално: Един Џеко во дресот на Фиорентина!
СледноЛина Ѓорческа елиминирана од втората носителка