Швјонтек за еден час ја декласира Бенчиќ и си закажа финале со Анисимова!

27

Ако во првото полуфинале имаше и тоа каква битка меѓу Анисимова и Сабаленка, во второто се беше решено за еден час, и тоа благодарание на фантастичната партија на Ига Швјонтек која со 2:0 во сетови просто ја “збриша“ Белинда Бенчиќ и со тоа оствари пласман во финалето на Вимблдон.

Првиот сет тенисерката од Полска го доби со 6:2, а вториот со максимални 6:0. Тенисерката од Швајцарија немаше никакви шанса попладнево во овој втор полуфинален меч на најпрестижниот турнир, на Вимблдон.

Па така во сабота попладне, во големото финале, во битката за пехарот силите ќе си ги одмерат Аманда Анисиева (САД) и Ига Швјонтек (Полска).

ПретходноОва е стартниот состав со кој Вардар ќе ја нападне Ла Фиорита!
СледноГерманците со интересна идеја: ЕП во фудбал на Балканот, а земја домаќин и Македонија!!!