Она што го најавивме се исполни. МЗТ Скопје и следната сезона нема да биде дел од АБА-лига, иако имаше шанса да аплицира за место.
Актуелниот македонски првак нема финансиска сила за да ги исполни условите, прво да плати 200.000 евра, а потоа да направи конкурентен тим за ова натпреварување.
Во овој момент МЗТ Скопје е далеку од јадранската елита, па АБА-лига за Македонија засега останува далечна. Раководството на тимот од Аеродром не е подготвено за ваков предизвик, можеби тоа ќе го стори за една година.
Лигата се проширува на 20 екипи, а новитет се Виена и Клуж, тоа се двата тима кои ќе ги гледаме во следната сезона.
Македонија останува да се натпреварува во АБА2-лига, која беше целосно промашуавње на нашите тимови, никој не успеа да го помине првиот филтер. Според пласманот МЗТ Скопје, ТФТ и Куманово се екипите кои ќе ги гледаме во ова натпреварување.