Ѕвездениот тим на Интер Мајами ја забележа својата петта победа во низа во МЛС откако славеше против Нешвил со 2-1.
Благодарение на победата, проектот на Дејвид Бекам сега има само пет бода негатива во однос на лидерот во Источната конференција, Филаделфија.
Лионел Меси повторно беше херој за својот тим, ги постигна двата гола. Тој постигна гол за прв пат во 17-тата минута, а потоа во 62-та минути кога го постави конечниот резултат.
Токму со послендиот погодок направи нешто што не го направил од 2012 година кога играше за Барселона, објави ESPN. Тоа беше последен пат кога постигна барем два гола во пет последователни натпревари.
Меси ја продолжи рекордна серија во оваа лига, откако минатата недела стана првиот играч во историјата на МЛС со серија од најмалку два гола во четири последователни натпревари, сега дојде до петтиот меч со таков учинок.
Гледајќи го неговиот вкупен настап оваа сезона, Меси има 22 гола и седум асистенции во 27 натпревари за Интер Мајами.
Segundo gol de la noche para el capitán ⚽⚽✨ pic.twitter.com/YETZiKgSra
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 13, 2025
Otra genialidad de #Messi𓃵 : ¡El 1-0 del @InterMiamiCF ante @NashvilleSC con una delicia de remate del ‘10’! pic.twitter.com/RiTEgyrTfQ
— MLS Español (@MLSes) July 13, 2025