Денеска се одржа ждрепката за првото и второто квалификациско коло во ЕХФ Европскиот Куп. Познати се и ривалите на нашите претставници.
Бутел кој ќе игра во 1.коло во квалификациите за ЕХФ Европскиот Куп се чини дека имаше среќа во ждрепката. За ривал го доби тимот на Дуделанж од Луксембург. Првиот меч ракометарите на Бутел ќе го играат на гости (6/7 септември) а реваншот на свој терен (13/14) септември.
Тивквеш во 2.коло во ова натпреварување за ривал го доби тимот на Бешикташ од Турција. Секако силен тим, шампион на Турција и кавадарчани нема да имаат лесна задача, напротив.
Првиот меч се игра во Истанбул (11/12 октомври), додека реваншот се игра во Кавадарци (18/19 октомври).
Охрид а противник го доби составот на Баку од Азербејџан, секако дека ова е ривал по мерка за “гладијаторите“ во 2.коло. Ривал кој може да се мине.
Охрид првиот меч го игра на гости, а реваншот на свој терен.