Голем „пех“ за Германија: Марко Ројс потврди дека нема да игра на Евро 2020

101

Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Марко Ројс нема да и помогне на германската репрезентација на претстојното Европско првенство.

„После тешката, исцрпувачка и за среќа успешна сезона, Јоаким Лев и јас решивме дека не треба да одам на Европско првенство. Оваа одлука беше многу тешка за мене, затоа што секогаш сум среќен кога играм за мојата земја. Но, по напорната година, решив да му дадам време на моето тело да се опорави. Ќе ја искористам паузата за да ја започнам новата сезона со нова моќ. На Јоги и нашата репрезентација им посакувам се најдобро за ЕП. Ќе навивам за тимот“, напиша Ројс на својата страница на Инстаграм .

ПретходноТаткото на Скамака дивеел во базата на Рома
СледноГаздата на Сити ќе го плати патувањето на навивачите во Порто