Тоа е тоа. Само што дојде и веднаш влезе во “војна“ со Жозе Мурињо. Вест на денот во Турција е дека Џон Дуран, најголемото засилување за Фенербахче во овој летен преоден рок не се појавил на првиот тренинг.
Да потсетиме дека за Колумбиецот гигантот од Истанбул даде тешки милиони. Дуран на Босфорот дојде од Ал-Наср и тоа на позајмица.
Откако виде дека го нема, Жозе Мурињо беше видно налутен па кажа на присуните медиуми на пресот:
“Тоа е непочитување. Овде постојат јасни правила и секој оној кој нема да ги почитува тие правила ќе сноси последици. Секако дека ќе разговарам со него кога ќе се појави, ако се појави“ посочи “Специјалниот“.