Екипата на Е.Пелистер не успеа да направи чудо и да го елиминира тимот на Мешков Брест во четвртфиналната пресметка од СЕХА – лига. Битолчани се поразени и на реваншот на гостински терен со четири гола разлика, (35:31), исто како и на првиот дуел.
Со ова, дефинитивно тимот на Мешков е нов патник на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, која ќе се одржи во Задар.
Тренерот на Е.Пелистер Жељко Бабиќ реално ги искоментира нештата по мечот потенцирајќи дека во моментов противникот е едноставно пресилен.
„Честитки до Мешков Брест за победата. Она што е очигледно е дека е голема разликата во квалитет меѓу тимовите кои играат во Лигата на Шампионите и тимовите од Лигата на Европа. Мотор е посилен од Татран, Веспрем е посилен од Нексе, а Мешков рест од нас… Самиот квалитет во играта на екипата е сосема поинаков, и тоа влијае врз резултатот. Му посакувам среќа на Мешков на следните натпревари“, изјави Бабиќ.