Уф, каков меч, каква победа на Шкендија и тоа против “извиканата“ Стеауа, против некогашниот европски првак. Да, во некои моменти избраниците на стратегот Јетон Беќири имаа и среќа, на голот го имаа фантастичниот Гаје, но на крајот тетовци може да жалат што не успеаја да победат и со поголема разлика од тие 1:0 вечерва на Арената во Скопје.
Да, јасно е дека во реваншот ќе се решава патникот за 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, но ако Шкендија и во Букурешт наредната среда го повтори ова вечерашно моќно издание, се е можно.
Сега е време за честитки и еуфорија за четата на одличниот стратег Јетон Беќири, а од утре ќе се мисли на реваншот.
Уште еднаш БРАВО ШКЕНДИЈО.
ВАКА СЕ ИГРА ВО ЕВРОПА.