Уште еднаш добро одработена работа на стручниот штаб на Шкендија на чело со Јетон Беќири. Шкендија под негова команда знаеше што сака на теренот, знаеше како да дојде до една голема победа од 1:0 против така силен тим, и во тоа успеа.
Сепак секако дека не е се готово. Следува реванш во Букурешт и таму ќе се решава патникот за 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.
По мечот стратегот на Шкендија истакна:
“Пред се голема победа за нас, секако добар резултат против еден така голем клуб како што е ФЦСБ или Стеауа. Мислам дека тактички бевме одлични. На моменти имавме и среќа, но имаше среќа и противникот, можевме да дојдеме до убедлива победа. И сега ќе кажам, Стеауа и покрај поразот вечерва и натаму е фаворит, и нека биде. Важно е и во реваншот да покажеме вистинска енергија, тоа може да ни донесе историски успех“ рече покрај другото.
Во случај на пласман во следната фаза, Шкендија ќе игра во тоа 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите со подобриот од двомечот меѓу Шелбурн и Карабах, што е поважно, со пласман во третата рунда во ЛШ, Шкендија ќе обезбеди најмалку пласман во групната фаза во Лигата на Конференции или лигашката фаза по ново.