УС Опен и официјало стартува денеска, без сомнение најголем фаворит ќе биде Новак Ѓоковиќ. Доколку Србинот го освои Њујорк ќе постане првиот тенисер кој во една календарска година ги освоил сите грен слемови.

Покрај ова, Новак ќе дојде до 21. Г.С титула и со тоа ќе ги мине Роџер Федерер и Рафаел Надал, кои имаат по 20 титули, двајцата поради повреди нема да настапат на УС Опен.
Но, секогаш постои можност за изненадување, а најголеми шанса за тоа имаат Зверец, Медведев, Циципас…
„Нема да кажам дека за мене ова е „сега или никога“, мислам дека ќе имам шанси и во иднина да освојувам слемови, но ова е единствената шанса да го земам календарскиот слем. Од друга страна не треба да си создавам дополнителен притисок, и така истиот е голем. Сепак сум одличен кога играм под пристиок, тоа го покажав многу пати во кариерата. Притисок е привилегија, навистина, ние за ова работиме цел живот, да бидеме во позиција да испишеме историја“, изјави Ноле.
На стартот на УС Опен тој за противник ќе го има Данецот, Холгер Руне.