Што ли се случува во ФЦСБ (Стеауа) во пресрет на реваншот со Шкендија во 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите? Имено вчера во меч од домашниот шампиопнат, некогашниот европски првак беше совладан со 1:2. ФЦСБ и дефинитивно одигра слабо, нов пораз, трет по ред ако се сметаат и оние во Европа со Шкендија и тимот од Андора.
А дека има нервоза, тоа е евидентно, тоа се гледа и од потезите на сопственикот на клубот Џиџи Бекали кој по вчерашниот пораз од Фарул најави дека има намера да враќа играчи во првиот тим, оние кои во пресрет на првиот меч со Шкендија ги отстрани од првиот тим.
Значи во ФЦСБ се случува хаос и Шкендија тоа мора да го искористи.
Инаку Бекали се храбри самиот пред реваншот со Шкендија во среда во Букурешт со изјавата за медиумите во Романија.
“Не, немам страв. Ќе ја победиме Шкендија со 3-4 голови и ќе одиме натаму“.
Само за потсетување, Шкендија на првиот меч го победи ФЦСБ со 1:0.