Горан Станиќ, селекторот на нашата У-21 селекција, во Гранд муабети со Ford Kuga за социјалните мрежи на Фудбалската федерација на Македонија, во големо интерјву говори на повеќе фудбалски теми.
Секако и актуелни, но и се потсетува на некои по малку заборавени муабети.
Инаку Станиќ открива дека со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ се договорил за две минути за тоа да ја преземе селекцијата и дека немло преговори, едноставно се нашле во визијата за тоа како треба да изгледа младата селекција.
Говори за тоа дека Чоло Симеоне му е омилен тренер, дека имаме талентирана генерација и дека верува во заедничката работа. За Зенделовски вели дека го потсетува на Барди, и играчки и карактерно. Се осврна и на успесите со Работнички минатата сезона.
Погледнето го видеото: