Ѓоковиќ станува косопственик на фудбалски клуб!

334
Фото: Ролан Гарос/Твитер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде еден од инвеститорите во фудбалскиот клуб Ле Ман. Претставниците на клубот одржаа конференција во петокот за да ги претстават новите финансиски партнери.

Станува збор за бразилскиот инвестициски фонд „Аутфилд“, кој ќе има малцински удел, а во проектот се вклучени, меѓу другите, Новак Ѓоковиќ, како и возачите на Формула 1 Кевин Магнусен и Фелипе Маса. Тука е и Џорџ Франгулис, момчето на Арина Сабаленка.

Ле Ман оваа сезона игра во втората лига, Лига 2, а покрај бразилските финансиери, името на Ѓоковиќ привлече најголемо внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boardroom (@boardroom)

Претходно“Редси“ наидоа на ѕид: Њукасл ја одби првата понуда вредна 140 милиони евра Исак!
СледноРивалот на Шкендија: Карабах против клубови од Македонија има четири победи и едно реми!