Хакими се соочува со затворска казна, Мбапе се огласи: Се галеа и ништо повеќе…

269

Мароканскиот фудбалер и ѕвезда на ПСЖ, Ашраф Хакими, беше обвинет за силување пред две години, а сега судот повторно го отвори случајот што беше замрзнат одреден период.

Девојката го обвини Хакими во 2023 година за силување по забава, што го шокираше и самиот Хакими.

Француските медиуми објавуваат дека Хакими се соочува со казна затвор до 15 години. Во тоа време, членот на ПСЖ, Килијан Мбапе, беше добар пријател со мароканскиот фудбалер и веднаш застана во одбрана на Хакими.

Откако протече веста дека судот повторно го отвора случајот против Хакими и дека се соочува со строга казна, Мбапе даде изјави за медиумите и е подготвен да ги повтори истите зборови на суд, според француските медиуми.

„Таа вечер отидовме на вечера заедно, а потоа Ашраф заплака“, рече Мбапе и продолжи: Ми се довери дека се галеле, но во ниту еден момент не почувствува отфрлање од девојката. Немаа секс“.

Тој истакнува дека Хакими никогаш не би помислил на нешто такво.

„Хакими секогаш беше почитуван. Никогаш не сум слушнал за какво било несоодветно однесување, ниту од него ниту од други пријатели.“

Целата приказна сигурно фрла сенка врз кариерата на Ашраф Хакми.

Сега обвинителот го има конечниот исход во свои раце, а сите веруваат дека Хакими ќе биде ослободен од овие сериозни обвиненија.

Покрај Мбапе, и други фудбалери претходно застанаа во одбрана на Хакими.

Повеќето се свесни дека Хакими не е фудбалер склонен кон скандали и многумина веруваат дека сето ова е игра за да се добијат неговите пари.

Како и да е, лето кое сигурно ќе донесе некои немири во животот и кариерата на Хакими.

ПретходноМекиќ: Би ја замолил јавноста за трпение! Сите сме тука за една цел – Македонија!
СледноИзненадувачки: Македонија е фаворит против Романија