Илиевски одбра за дуелот против Романија

134

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски го одбра состсавот за првиот меч против Романија во рамките на претквалификациите за Светскиот Куп кој во 2027 година ќе се одржи во Катар.

Илиевски, во консултации со стручниот штаб, Борче Даскаловски, Мирко Петрески, Миодраг Тодоровиќ се одлучи против Романија да играат:

Андреј Магдевски, кој ќе биде и капитенот на тимот во овој претквалификациски циклус, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски. 

Својата шанса за следните мечеви ќе ја бараат Луканоски, Миловановиќ и Василевски.

Мечот меѓу Македонија и Романија се игра во Куманово со почеток во 20 часот.

ПретходноИзненадувачки: Македонија е фаворит против Романија
СледноИгор Митрески за „СпортСпорт“: Карабах е фаворит, ама Шкендија има шанси да ја мине и оваа пречка!