Македонската женска кадетска репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство кое се одржува во Црна Гора. Нашите ракометарки ја совладаа Турција со 27-30. Триумфот го обезбедија благодарение на добрата игра во второто полувреме, во кое беа подобри со 13-17. Во првото полувреме противникот имаше еден поен негатива од 13-14.
Беровиќ со осум гола беше лидер во нашите редови, зад неа беше Лашкоска со седум погодоци.
Победата против Турција доаѓа по ремито со Португалија во битката за пласман од 9-то до 16- место.