Селекторот Марјан Илиевски, одлучи, во конкуренција остануваат сите 15.кошаркари кои се во тренажен процес. Машката сениорска репрезентација на Македонија, утре, рано изутрина заминува за Шолнок, каде на 9.август, ќе го игра вториот натпревар од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар.
Стартниот неуспех не ги поколеба нашите, во најголем број, млади кошаркари, уште помалку стручниот штаб предводен од селекторот Марјан Илиевски.
По натпреварот во Куманово, и еден ден предвиден за одмор, нашите најдобри кошаркари веќе одработија и два тренинзи во „базата“, односно СРЦ „Кале“. Ќе се тренира вечерва (18.30) по што нашиот сениорски национален тим ќе „ги пакува коферите“ на пат за Унгарија.
Селекторот Илиевски нема да менува ништо во своите планови. А тие велат дека за мини-турнејата, прво во Унгарија, потоа и во Романија, ќе смета на сите 15.кошаркари кои се дел од тренажниот процес, и ќе бидат во конкуренција за наредните натпревари.
Прво оној на 9. август, во Шолнок, а потоа неколку дена подоцна, на 13.август, во Орадеа, каде ќе го играме реванш-натпреварот против селекцијата на Романија.