Илиевски: Со малку поголема самодоверба можеме против Унгарија

36

Машката сениорска кошаркарска репрезентација немаше многу време за одмор по мечот со Романија, па веќе денеска замина за Унгарија. Селекторот Марјан Илиевски се „враќа назад“ на она што беше забележано на дуелот со Романија:

„Морам да го повторам тоа, се надевам дека во иднина нема да морам, тоа што значи како предност за екипите кои што се заедно, и играчите кои што имаат свои улоги во клубовите. Она што е наш недостаток е новото создавање на оваа репрезентација. Паралелно на сето тоа, овие наши играчи, немаат забележителна улога во екипите за кои настапуваат. Она што ќе го истакнам за последниот натпревар, тоа беше натпревар каде треба да ги пофалам сите момци кои го дадоа својот придонес на паркетот, својата енергија. Сето она кое што следи, ќе доаѓа со нивното искуство за вакви натпревари. Се надевам дека во сето тоа ќе имаме подобрување. Можеби нема да дојде преку ноќ, можеби нема да дојде во овој ‘прозорец’ сега. Меѓутоа, ова ќе значи многу за она што претстои“.

Од денеска нашата селекција е на пат за Унгарија, поточно за Солнок, каде во сабота, од 18 часот, следува вториот натпревар од претквалификациската група.

Селекторот Илиевски говори за она што го поседува нашиот нареден противник во овој августовски ФИБА „прозорец“ – Унгарија:

„Унгарците се една атлетска екипа, која што игра брза и модерна кошарка. Екипа каде сите играчи шутираат од сите позиции. Нивниот играч Војвода, е со најголема возраст, и е клучен играч во таа репрезентација. Сето она кое што треба да го направиме, е да ја спречиме таа нивна игра во транзиција. Да се обидеме сите отворени шутеви да ги затвориме. Сето она кое што е наша особина, и наша карактеристика, колку што можеме да го подобриме нападот. Бидејќи одбраната е желба, а кај нас таа постои. И нормално е дека секогаш постои простор да се поправа. Тоа, заедно со малку поголема самодоверба кај младите играчи да го реализираат тоа во нападот, верувам дека сето тоа ќе изгледа многу поразлично“ – заклучува Илиевски.

ПретходноРеал преку граѓански суд ќе бара одложување на мечот со Осасуна?
СледноСВР Скопје презема мерки за националистичките испади на навивачите на Шкендија, реагира и Хелсиншкиот комитет