СВР Скопје презема мерки за националистичките испади на навивачите на Шкендија, реагира и Хелсиншкиот комитет

361

СВР Скопје врз основа на снимениот и документиран материјал најави дека ќе преземе мерки во координација со надлежен јавен обвинител, по синоќешните изливи на национализам на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје за време на мечот меѓу Шкендија и Карабах во 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

И покрај сите апели, навивачите на Шкендија во текот на целиот меч извикуваа националистички пароли за „Голема Албанија“, „Илирида“…

Со осуда излезе и Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој изрази сериозна загриженост и го осуди националистичкото и политизирано скандирање.

Дополнително загрижувачки е фактот што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група „Балисти“, туку биле извикувани од дел од публиката и тоа во присуство на високи државни функционери.

Хелсиншкиот комитет апелира до Министерството за внатрешни работи и надлежните институции итно да постапат во согласност со најавените мерки за санкционирање на ваквите испади. Селективната примена на законите, во зависност од етничката или политичката припадност на сторителите е неприфатлива и дополнително ја нарушува довербата на граѓаните во институциите.

ПретходноИлиевски: Со малку поголема самодоверба можеме против Унгарија
СледноЕклстоун со порака за Хамилтон: Нека оди во пензија веднаш!