Емилијан Ѓорговски: Одлично сум прифатен! Не ми беше тешко да се вклопам во тимот!

167

Емилјан Ѓорговски големиот македонски потенцијал сезонава му се приклучи на семејството на РК Алкалоид и во сино-белиот дрес ќе ја бара шансата за ново играчко докажување, а екипата добива ракометар кој треба да донесе нови опции во играта имајќи ги предвид неговите шутерски способности. Ѓорговски веќе има играно заедно со дел од новите соиграчи што позитивно влијае на неговата брза адаптација и вклопување во составот.

„Презадоволен сум како сум прифатен од новите соиграчи. Подготовките течат во најдобар ред, се трудам да го дадам својот максимум на секој тренинг, а потоа и на терен. Атмосферата е одлична, со дел од играчите имаме играно заедно во младинската репрезентација, па не беше тешко да се вклопам во тимот“. 

За Суперлигата и очекувањата од новата сезона, се радува што ќе има поголема конкуренција. Алкалоид како и до сега ќе има за задача максимално да се подготвува за секој противник без разлика дали е фаворит или не.

„Од сезона во сезона Супер-лигата е поквалитетна, има поголема конкуренција. Покрај Вардар, Пелистер и Алкалоид, сезонава засилен е и Охрид. Но, секогаш има и по некое изненадување плус, не смее да се потцени ниту еден тим. Наша задача ќе биде максимално да се подготвиме за секој натпревар без разлика против кого играме. 
Со оглед на тоа дека сите репрезентативци играат во домашната лига, а квалитетот е на високо ниво, тоа е добро и за националниот тим“.

 

Алкалоид го чека и предизвик во ЕХФ Европската лига, а таму ќе игра квалификациско коло за пласман во групната фаза, противник е бундес-лигашот Хановер.

„Секогаш одиме на победа, дури и против еден бундес-лигаш како што е Хановер. Знаеме дека Бундес-лигата е најдобра во светот, но секогаш одиме максимално“, изјави Емилијан Ѓорговски.

ПретходноГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: Шкупи виси за сезонава, нема пријавено 15 „професионалци“!
СледноАмериканските кошаркарки бесни: Престанете да фрлате дилда на теренот, ќе нè повредите (ВИДЕО)