Коцев: Сезоната ќе биде тешка! Посакуваме да имаме добро издание во ЕХФ Европскиот Куп

84
Фото: ГРК Тиквеш/Фејсбук

Димитар Коцев е еден од ракометарите на ГРК Тиквеш кој одлучи да ја продолжи соработката со Тиквеш. Левото крило очекува тешка сезона, но нивната цел е да се подготват што подобро и за домашната сцена и за европска.

,,Ни претстои исклучително тешка сезона. Македонската лига заедно со клубовите од година в година расте и мислам дека оваа сезона лигата ќе биде најквалитетна до сега, но истовремено и најтешка.

Доста играчи заминаа од минатата сезона, но костурот на екипата е задржан и донесени се нови играчи, дел странци, дел македонски млади играчи кои знаат како е да се игра во македонската лига. На нас играчите кои сме подолго во клубот ни останува да им помогнеме на новите играчи да се адаптираат и да направиме добра хемија во клубот.

Тренираме напорно и сите знаеме дека овој припремен период е многу важен како на физички, така и на тактички план. Ни следуваат турнирите во Струга и Прилеп кои ќе ни помогнат да се вклопиме подобро на терен и со тоа спремни да го дочекаме почетокот на новата сезона и да имаме добро издание во европскиот куп”, изјави Коцев. 

ПретходноАрсими ги промовираше Силјановски и Ајдини!
СледноНовак повторно дел од спектаклот “Шест кралеви“ во С. Арабија!(ФОТО)