По победата во Куманово во претквалификациите за СП 2027, во групата Б како гостин против Македонија, вечерва селекцијата на Романија, како домаќин, славеше и против Унгарија со 76:64.
Ова значи дека засега Романците се максимални, имаат “два од два“ и се наоѓаат на првото место во групата Б.
Романците освен во првата четвртина, доминираа на теренот во Орадеа, и на крајот заслужено победија.
Треба да се каже дека во сабота во Шолнок, домашната селекција на Унгарија ја дочекува Македонија. Потоа ние играме исто на гости во Орадеа кај Романија, а на последниот меч во оваа група ја дочекуваме селекцијата на Унгарија.