Новите шампиони на УС Опен ќе добијат по 5 милиони долари!

64
фото: US Open Tennis (X)

Рекордни пет милиони долари ќе добијат најдобрите на претстојното Отворено првенство на САД. Секако, оваа премија важи за шампионите во поединечна конкуренција во обете натпреварувања.

Во споредбата со минатата година, наградата за шампионите е значително повисока, ако се знае дека лани Арина Сабаленка и Јаник Синер добија по 3,6 милиони долари, па годинашново зголемување е во висина од дури 39 проценти.

Вкупниот награден фонд ќе изнесува 90 милиони долари, од кои околу една третина ќе бидат платени за даноци. Финалистите во сингл ќе добијат по 2,5 милиони долари, а победниците во двојки и мешани двојки по 1 милион долари.

ПретходноЖестока тепачка на пријателски меч: Фудбалерите на Бетис и Комо делеа боксови и шлаканици (ВИДЕО)
Следно30 години никој не успеа да го собори рекордот на Едвардс (ВИДЕО)