Јокиќ на 39 чекори до вечноста – дали следната сезона ќе биде историска?

154
Фото: Денвер/Твитер

Трострукиот МВП на НБА е подготвен да направи историски подвиг во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот, а во моментов му недостасуваат само 39 трипл-дабл натпревари за да го стигне Расел Вестбрук, кој е лидер со 203 трипл-дабла.

Јокиќ се наоѓа на третото место на листата на сите времиња со 164, зад Вестбрук и НБА легендата Оскар Робертсон, кој има 181 трипл-дабл.

Тој исто така е подобро рангиран од некои од најголемите имиња во историјата на НБА лигата, вклучувајќи ги Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Вилт Чембрлејн.

За потсетување, минатата сезона, вклучувајќи го и регуларниот дел и плејофот, Јокиќ имаше вкупно 37 трипл-дабла.

Сето тоа оди во прилог на тоа дека токму во сезоната 2025/26, Јокиќ има голема шанса да го собори рекордот и многу веројатно е дека ќе стане најдобриот во оваа категорија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BasketNews (@basketnews)

ПретходноПознат е списокот со 30 кандидати за “Златната топка“: Фаворитите се знаат…Дембеле, Јамал, Рафиња! (ФОТО)
СледноДуелите на Арената и под Шара прогласени за мечеви од висок ризик!