Утре стартува новата сезона 2025/26 во нашата елитна фудбалска лига. И на стартот веднаш две дерби средби.
Вардар и Пелистер играат од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, а под Шара од 17 часот, Шкендија го дочекува Шкупи.
Со оглед на тоа дека и на двата меча се очекува да има навивачки групи и од домашните и од гостинските екипи, и двата дуели се прогласени за мечеви од висок ризи.
Како што е познато, во сабота ќе се играат уште две средби од ова 1.коло, во недела се игра еден и колото завршува со мечот во понеделник во Кратово меѓу Силекс и Брера.