Одбојкарите поразени, Бугарија го освои трофејот “Чајка”

69

Одбојкарската репрезентација на Бугарија е годинешен победник на 49. Меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”. Во финалниот меч на турнирот, Бугарија славеше против Македонија со 3:0 и го потврди фаворитскиот статус со кој дојде во Скопје.

МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА 0:3 (20-25, 26-28, 23-25)

Гостите од Бугарија многу подобро го отворија мечот. Со силен сервис успеаја да го разбијат нашиот прием и уште на стартот направија разлика (1:5). Ние се обидувавме да се вратиме со серија, но не успеавме да ја стопиме негативата. Бугарија го заврши сетот со 25:20 за водство од 1-0.

На почетокот на вториот сет, одигравме одлично. Достојно париравме, имавме добар сервис и на неколкупати највисока предност од два поени (12:10, 13:11). Бугарија за момент успеа да се приближи на еден негатива, но предводени од капитенот Ѓоргиев, нашите одбојкари ја зголемија предноста и со плус три влеговме во одлучувачкиот дел од сетот (20:17). Бугарија на наши грешки успеа комплетно да се врати во сетот (23:23), отидовме на разлика, имавме неколку сет-топки, не ги искористивме, па гостите од првата дојдоа до 28:26 за водсво од 2-0.

Гостите и третиот сет го отворија со предност (6:8), па нашите одбојкари се обидуваа да фатат приклучок. Успеавме да се приближиме на 11:12, но до средина на сетот Бугарија задржа предност од два поени (14:16). До крајот Бугарија ја задржа предноста и славеше со 3:0.

ПретходноУ-16 ЕП Б-дивизија: Македонија со пораз на стартот!
СледноХари Кејн даде еден гол, но и промаши пенал против “својот“ Тотенхем!