Вардар – Пелистер 1:0 по првото полувреме на “Дербито на Македонија“ кое се игра вечерва на Арената во Скопје.
Стрелец беше Данев во 45+4.минута. Вардар беше поконкретен,го имаше поседот и иницијативата, Омерагиќ, Данев, Маневски и Мато се заканија, и голот дојде на крајот кога Данев постигна убав гол, дебитантски за него во дресот на Вардар.
Битолчани сконцентрирани во одбраната, умешно се бранеа од нападите на домашниот состав и во 34.минута можеа многу лесно да го изненадат домашниот тим кога Ристиќ излезе сам пред Талески, тоа беше зицер позиција, но голманот на Вардар, Давор Талески прекрасно одбрани и ја сочува својата мрежа. Имаше и Ивановски добар удар во 42.минута, но сега Талески имаше среќа.
Тактичко надмудрување на двата тренери Седлоски и Капинковски на овој меч од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ и водство на вардарци.















