Илиевски: Овој висок пораз не е реален во однос на квалитетот на двете селекции

202
фото: fiba.basketball

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, по убедливиот пораз од Унгарија, даде свој коментар за мечот и вториот пораз во претквалификациите.

„На денешниот натпревар очекував малку поинаков расплет. Мислам дека овие 38 разлика се премногу во однос на квалитетот на двете репрезентации. Мислам дека нашите кошаркари премногу ги респектираа Унгарците и тука треба да се бараат причините за нашиот пораз. Одигравме добра четвртина, но противникот беше исклучително расположен за шут. Задоволен сум од младите кошаркари и се надевам дека во индина ќе играме многу подобро. Јас им давам поддршка на играчите, тие даваат максимум, но евидентно е дека се уште недостасува искуство“, изјави Илиевски.

ПретходноОдбојкарките поразени во Австрија и во последниот меч од квалификациите
СледноВардар славеше на првата контрола против Бутел