И официјално и дефинитивно Сараево има нов тренер. Тоа за нас не би било толку интересно, но сепак овој култен клуб од БиХ во последно време е и “македонски“.
Како прво Крсте Велкоски е спортски директор, а Стефан Ристовски и Агон Елези ова лето дојдоа во “бордо“ тимот.
Најавите се остварија. Велкоски како спортски директор ја имаше таа чест да го промовира легендарниот Хусреф Мусемиќ за нов тренер или старо – нов ако се знае дека тој по шести пат ќе седне на клупата на Сараево.
Не треба да се трошат зборови кој е Мусемиќ, поранешен легендарен фудбалер на Сараево и Ц.Звезда како и репрезентативец на екс-СФРЈ.
Јавноста во БиХ, посебно фановите на “бордо“ тимот се воодушевени од потегот на Велкоски да го врати Мусемиќ на клупата.