Познат е „возниот ред“: Кошаркарите отвараат против светскиот првак

145

Македонската кошаркарска репрезентација во првата фаза од мундијалските квалификации ќе игра против Шпанија, Украина и Грузија. Прв противник на избраниците на Драган Бајиќ ќе биде светскиот првак, Шпанија, дуелот се игра 26. номеври, три дена подоцна се среќаваат со Украина.

Во февруарскиот прозорец, Македонија игра против Грузија на 24.02.2022 година, додека три дена подоцна го игра реваншот.

На крајот во јуни и тоа на првиот ден од овој месец, кошаркарите ја играат втората средба против Шпанија, па за крај се среќаваат со Украина.

Првите три селекции од секоја група одат во втората фаза од квалификациите за СП 2023.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СК2023
1. КОЛО – 26.11.2021

Грузија – Украина
Македонија – Шпанија
2. КОЛО – 29.11.2021
Шпанија – Грузија
Украина – Македонија
3. КОЛО – 24.02.2022
Шпанија – Украина
Грузија – Македонија
4. КОЛО – 27.02.2022
Украина – Шпанија
Македонија – Грузија
5. КОЛО – 01.07.2022
Шпанија – Македонија
Украина – Грузија
6. КОЛО – 04.07.2022
Грузија – Шпанија
Македонија – Украина

ПретходноМиленковски “раскина“ со Пелистер и се врати во Брегалница!
СледноШкендија против Хајдук во младинската Лига на Шампиони!