Веќе подзаборавениот Џером Боатенг е пред промоција во Лион, во еден од најголемите клубови во Франција. Некогашниот дефанзивец на Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија, откако ова лето си замина од “баварците“ поради истекувањето на договорот, немаше премногу понуди. Најконкретен беше Лион и се очекува наскоро, во текот на денот овој трансфер да се реализира.
Боатенг има 33 години и секако дека ќе може да одигра уште две – три сезони во добра форма.