Мастантуоно им го “плесна“ на сите во Реал: “Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот“!

101
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Прва изјава како член на Реал Мадрид на денешната презентација и веднаш шок. Така може да се каже што изјави Франко Мастантуоно за тоа кој е најдобриот, најголемиот во светот на фудбалот.

Јасно е дека сите во Реал Мадрид очекуваа младиот офанзивец да каже дека тоа е Кристијано Роналдо, тој сепак си кажа што мисли.

За мене најдобар фудбалер во светот е Лео Меси. Јас сум Аргентинец и за мене секако дека Меси е нај,нај“ им го “плесна“ Мастантуоно на сите во својот нов клуб.

Секако дека ова му е првиот минус како нов член на “крачевите“, но секако дека Дон Флорентино Перез ќе му прости ако се знае дека Франко денеска наполни само 18 години.

ПретходноЃорческа избори четвртфинале на W75 турнирот во Куршумлијска Бања
СледноВо 3.коло во ПМФЛ ќе има два меча во вечерен термин!