Поранешниот српски репрезентативец немања Матиќ ја заврши соработката со Олимпик Лион. Тој повеќе нема да го носи дресот на Лион, бидејќи го раскина договорот со францускиот клуб.
Иако според првичниот договор, соработката требаше да трае уште една година, двете страни се согласија дека соработката треба да заврши.
Матиќ има 37 години и прашање е дали ќе успее да обезбеди трансфер во некоја од посилните европски лиги.